Актуелните тенденции како никогаш досега се темелат на практичност, лежерност и комфор. Доказ за тоа е океанот од модни фотографии на социјалните мрежи.
Лојалните следбенички на трендовите непрекинато споделуваат стилски приказни низ кои доминираат:
Маици со потпунки на рамениците
Минималистичките маици со впечатливи раменици дефинитивно ја имаат титулата „must-have за лето 2020“. Комбинации со ваков модел на маица сè позасилено циркулираат на Instagram.
Фустани со карнери
Женствените карнери се совршен пар со летните фустани, па не е воопшто чудно што покоруваат толку многу срца.
Чанти во стилот на 90-тите
Долгунести и со кратки рачки беа чантите кои царуваа во 90-тите години, а сега прават голем кам-бек. Исто така, се вратија на сцената и чантите кои се носат на половината.
Шик еспадрили
Еспадрилите во различни модификации доминираат меѓу летните тенденции. Освен што асоцираат на ресорт мода, овој тип на обувки го засилуваат шармот на секоја комбинација.
Асиметричен топ
Маичките на едно рамо стануваат сè попопуларни, а се комбинираат одлично со панталони со висок струк.
Многу повеќе стилски предлози ќе пронајдете на онлајн продавницата на Fashion Group.