Потребна ви е фризура за да го надополните вашиот урбан стајлинг? Треба да одите на свадба и сакате сами да си ја направите косата? Или можеби сте поканети на љубовен состанок и сакате да постигнете романтичен изглед?
Креативната блогерка Попи, која стои зад профилите poppy_hairstyles, ќе ви ја даде потребната инспирација. Нејзините видеа изобилуваат со идеи за брзи и лесни фризури со кои ќе го постигнете посакуваниот изглед.