Летиција присуствуваше на настан во Мадрид каде покажа зошто е сметана за една од најмодерните припаднички на кралските семејства.
49-годишната Кралица изгледаше софистицирано во виолетов костум од Bleis Madrid, совршен за есенските денови. Во својот стајлинг, таа додаде и салонки од Prada.
Настанот се одржа во шпанската метропола по повод Светскиот ден на истражувањата на ракот. Летиција ја поддржа работата на Шпанската асоцијација за борба против ракот.