Шпанското кралско семејство во елегантно издание привлекуваше погледи пред катедралата Сантијаго де Компостела во истоимениот град.
На црковната церемонија по повод Денот на Светиот апостол Јаков, кралицата Летиција и кралот Фелипе беа придружувани од двете ќерки Леонор и Софија.
48-годишната Кралица изгледаше занесно во нежна цветна креација од Каролина Ерера, принцезата Леонор носеше розово фустанче, додека принцезата Софија избра небесно-сина плисирана креација.