Почетна » Новости » Мода » Кога модата се среќава со технологијата: Артисти за неколку минути со боја создадоа фустан на телото на Бела Хадид

Кога модата се среќава со технологијата: Артисти за неколку минути со боја создадоа фустан на телото на Бела Хадид

Францускиот бренд Coperni го одушеви модниот свет.

На крајот од ревијата на која се презентираше колекцијата за сезоната пролет/лето 2023 во Париз, се случи нешто за кое сите зборуваат. Група научници и артисти за само неколку минути создадоа фустан директно на телото на Бела Хадид која стоеше топлес во центарот на модната писта.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Видео

Тие, го прекрија телото на убавиот модел со новата боја Fabrican, која подоцна беше трансформирана во вистински фустан. Откако заврши процесот на креирање, Бела дефилираше на пистата за да го покаже штотуку создаденото дело.

Fabrican е патентиран материјал во форма на спреј кој се стврднува за да се добие ткаенина. Зад оваа иновација стојат научиниците од Fabrican Ltd, предводени од д-р Манел Торес, кој и самиот учествуваше во перформансот.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

„Ти благодариме Бела Хадид за овој магичен момент кој засекогаш ќе остане врежан во нашите мисли и срца. Ти благодариме за довербата, љубовта и највпечатливиот перформанс. Се гордееме со сè што создадовме заедно. Кога модата се среќава со технологијата...“ – напишаа од брендот.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.