Кендал Џенер влезе во големото семејство на Mango. 20-годишниот модел е ѕвездата во новата модна кампања „Tribal Spirit“.
Засега е објавена само една фотографија од кампањата за сезоната пролет 2016, која е инспирирана од африканската савана. Фотосесијата била снимена во Лондон, под палката на Дејвид Симс.
Mango подготвува четири мини-кампањи со различни тематики, кои ќе бидат објавувани во четирите месеци кои следуваат.