Каја Гербер го прослави 18-тиот роденден со голема забава во Њујорк.
Славниот модел привлече внимание со стајлингот кој беше инспириран од изгледот на нејзината мајка Синди Крафорд на доделувањето на видео музичките награди на MTV во 1992 година.
Аутфитот е дело на модната куќа Версаче.
На забавата присуствуваа нејзините родители, Синди и Ренди Гербер, како и нејзината добра пријателка Кендал Џенер, која исто така носеше фустан од Версаче.