Принцезата Шарлот покажува зрелост и одговорност на денешното крунисување на својот дедо Чарлс III.
Слатката принцеза беше облечена во фустан со наметка во боја на слонова коска од Александар МекКвин. На главата носеше исто венче како мајка си Кетрин коешто е соработка помеѓу Александар МекКвин и Џес Колет.
Двете деца на принцот Вилијам и принцезата Кетрин им ги освоија срцата на обожавателите на британското кралско семејство. 8-годишното девојче за рака го водеше помалото братче Луи додека заедно чекореа покрај своите родители.
5-годишниот принц Луи носеше аутфит скроен специјално за него.