Коко Роча и нејзината ќеркичка имаа незаборавлив момент на Париската недела на високата мода. 29-годишната манекенка и 2-годишната Јони заедно го затворија модното шоу на Жан Пол Готје и ги освоија срцата на публиката.
На ревијата во Градот на светлината, успешниот канадски модел и слаткото девојче дефилираа во складни креации од колекцијата пролет/лето 2018 на врвниот француски дизајнер.
Пред неколку месеци Коко објави дека е бремена со второ дете и дека очекува синче.
„Со мојот син во мојата утроба и мојата ќерка покрај мене, никогаш нема да го заборавам овој ден! Ти благодарам Жан Пол Готје за уште еден незаборавен момент на пистата. Моето срце е исполнето“ – напиша Коко на Instagram.