Ѕвездено море од славни личности го разубавува Филмскиот фестивал во Венеција. Меѓу дамите кои дефилираа на црвениот тепих беше и италијанската убавица Кјара Каркано.
Пред прикажувањето на италијанско-францускиот филм „Martin Eden“, 27-годишната Instagram ѕвезда, позираше пред многубројните фоторепортери во софистициран фустан од Beatrice b. од италијанската модна куќа Plissè spa, која е синоним за автентичноста и италијанскиот вкус и врвен стил повеќе од триесет години.
Во нејзиниот стајлинг, гламурот беше интензивиран од модернистичкиот накит Rebecca. Впечатливите парчиња се дел од колекцијата „Skyline“, која од неодамна пристигна во продажниот салон на Rebecca во ТЦ Рамстор во центар.
И на црвениот тепих по повод премиерата на „Happy Birthday“, популарниот модел носеше накит од истата колекција.
„Skyline“ го отсликува оригиналниот моден ДНК на брендот Rebecca, со своите остри геометриски форми и рачното финиширање со diamond-cut техниката. Јасните исечоци ја разликуваат оваа нова колекција наменета за жените што сакаат да остават најдобар прв впечаток и да се осигураат дека сите погледи би биле вперени кон нив!
Цените на колекцијата „Skyline“ се движат од 2.418 денари до 6.758 денари.