Пред една година, фотографии од Пјетро Бозели го обиколија светот и ги забрзаа женските срца. Сега, згодниот Италијанец, кој ја доби титулата „Најсекси професор на светот“, стана модел за Армани.
27-годишниот професор по математика стекна светска слава откако негови студентки започнале да објавуваат фотографии од него на социјалните мрежи. Верните обожавателки без негова дозвола го пријавиле и на меѓународен натпревар за најсекси професор каде го освои првото место.
Пјетро, кој сега има над 850.000 следбеници на Instagram, е дел од новата кампања за спортската линија „ЕА7“ на Џорџо Армани.
Пјетро признал дека отсекогаш сакал да биде модел, но наместо тоа, го одбрал академскиот пат. „На некој начин бев засрамен. Сметав дека луѓето од академскиот свет ќе ме гледаат со потценување“ – рекол тој.
Ова не е прва соработка на Бозели со познатиот италијански бренд. Тој на 6-годишна возраст бил модел за Армани Џуниор.
И да, не се штедевме при собирањето на фотографии.