Мајкл Корс е подготвен да ја остави пандемијата зад себе и да им понуди забава на своите клиенти, а неговата најнова колекција го докажува тоа.
Славни модели како Џиџи и Бела Хадид, Ирина Шајк, Емили Ратајковски, Изабели Фонтана и Наташа Поли ги презентираа моделите од колекцијата есен/зима 2022 на Корс. Монохроматски комбинации доминираа на ревијата која се одржа во рамките на Њујоршката недела на модата.
Инспирација за палтата била Мерилин Монро.