Џасмин Сандерс е новото лице во светот на модата кое е насекаде – на ревии, на луксузни забави, во рекламни кампањи.
Привлечната девојка со сини очи и руси локни, која е нарекувана „Златна Барби“, има над 2,3 милиони следбеници на Instagram, што ја прави уште поатрактивна за модните брендови.
Најновата соработка на 25-годишната убавица е со брендот за очила QUAY Australia.
Иако работи како модел веќе 13 години, таа неодамна започна да привлекува многу ангажмани. „Сакам да работам како модел. Нови врати се отворија за мене и трчам низ нив! Пазете се!“ – вели таа.