Гвен Стефани недискутабилно изгледа фантастично за својата возраст. 48-годишната пејачка изминатата недела присуствуваше на неколку настани во Њујорк и Лос Анџелес, а со секое свое појавување таа привлекуваше само комплименти.
Впечатливите стајлинзи го истакнуваа нејзиниот младешки изглед.
На парадата за Денот на благодарноста на синџирот продавници „Macy’s“, музичката ѕвезда буквално блесна во сребрена креација со реси од Yousef Aljasmi и обувки од Jimmy Choo.
Гвен шармираше во црно кратко фустанче од Elie Saab и чизми до над колена, додека ги палеше новогодишните сијалички на Емпаер Стејт Билдинг. Како и секогаш, црвениот кармин внесуваше боја во нејзиниот изглед.
Активната недела на популарната пејачка се должи на промовирањето на нејзиниот божиќен албум „You Make It Feel Like Christmas“.
Во шоуто на Џими Фелон, Гвен се појави повторно во црн стајлинг кој вклучуваше фустан од Ronald van der Kemp.
За настапот во рамките на шоуто, атрактивната пејачка го промени својот аутфит.
Во шоуто на „Today“, Гвен повторно ја истакна својата фигура во тесно и кратко фустанче.
Гвен го промовираше својот нов албум и во трговскиот центар „The Grove“.
Во продавница на Target во Њујорк, Стефани пееше во црно фустанче со црвени точки од Carmen March и впечатливи црвени салонки од Jimmy Choo.