Оваа година многу вљубени двојки беа принудени да ги откажат големите свадбени прослави. Сепак, некои дизајнери одлучија да шират оптимизам преку нивните креации.
Еден од нив е Мајкл Синко. Преку својата најнова колекција венчаници за сезоната есен/зима 2020, насловена „Impalpable Dream of Hope“, талентираниот Филипинец цели да даде малку надеж во овие тешки времиња.
„За време на локдаунот, инспириран бев да создадам колекција која ќе ги инспирира луѓето да сонуваат и да имаат надеж во иднината. Ова е момент кога најголем дел од луѓето ќе се борат да преживеат и да бидат живи. Сакав да пренесам порака за Вера, Надеж и Љубов“ – вели Синко.
Тој откри дека за да ја создаде одржливата колекција користел материјали кои веќе ги имал.
„Се нарекува одржлива колекција во која не треба да трошите екстра материјали. Создадов рачно изработени венчаници од рециклирани материјали и направив тие да изгледаат како уметнички дела. Материјалите се од мојот склад и од претходни колекции. Користам многу чипка, бродиран тул и кристалите кои ги користев се од вишокот материјали кои ги најдов од мојата претходна колекција. Не потрошив ништо за да ја создадам новата колекција“ – откри Синко во интервју.