Ешли Грем ги здружи силите со Pronovias. Во соработка со шпанската модна куќа, најпознатиот модел со облини креираше колекција венчаници за жени од сите форми и големини.
32-годишната Американка, која отсекогаш промовира позитивен став кон телото, имала потешкотии при пронаоѓањето на соодветен невестински фустан за својата свадба. Токму тоа нејзино искуство ја мотивираше да ја создаде оваа колекција.
„Имав потешкотии да пронајдам фустан кој ќе направи да се чувствувам специјално, фустан кој ќе го истакнува и слави моето тело на еден од најважните денови од мојот живот.“
„Жените треба да бидат најсамоуверената верзија од себе на свадбениот ден – да изгледаат и да се чувствуваат убаво. Затоа е важно брендовите како Pronovias да обезбедуваат луксузни опции во сите големи и стилови“ – изјавила Грем.