Зачекорете во есента истражувајќи ги новите модни предлози на шведскиот гигант H&M. Преку едиторијалот „Луксузни контрасти“, популарниот бренд презентира модерни парчиња кои би го фатиле окото на секоја урбана дама.
Моделите Андреа Диакону и Девон Виндзор облекоа припиени фустани и блузи кои ја истакнуваат фигурата, панталони со широки ногавици, плетени блузи, кошули со карнери...