Во светот на модата, Мет Гала е еквивалент на Оскарите и лупата е поставена на креативноста со која ќе настапат гостите, обидувајќи се да ја испочитуваат зададената тема.
Годинава, акцентот беше ставен на сè што значи американска мода, како најава за изложбата поделена во два дела („In America: A Lexicon of Fashion“ и „In America: An Anthology of Fashion“) во музејот на уметноста „Метрополитен“.
Некои се инспирираа од иконски модни икони, други од Статуата на слободата и вестерн културата, трети презентираа своја модна интерпретација на тоа што значи Америка како спој на различности.
Иако беше најавувана како поинтимна во споредба со претходни години, хуманитарната гала изгледаше гламурозно и екстравагантно. Пандемијата со КОВИД-19 наметна построги протоколи, па сите гости беа задолжени да прикажат сертификат за вакцинација, негативен PCR тест и да носат маска на затворено, освен додека јадат и пијат.
Свеченоста донесе многу модни изненадување – дел беа пријатни на поглед, а дел ококоруваа очи поради различни причини.
Заедно со Ана Винтур, домаќини беа и пејачката Били Ајлиш, актерот Тимоти Шаламе, тенисерката Наоми Осака и поетесата Аманда Горман.
Погледнете како изгледаа гостинките на најпопуларната гала:
Ирина Шајк во Moschino
Емили Блант во Miu Miu
Емили Ратајковски во Vera Wang
Џиџи Хадид во Prada
Ејса Гонзалес во Versace
Џенифер Лопез во Ralph Lauren
Алиша Кис во AZ Factory
Аманда Горман во Vera Wang
Меган Фокс во Dundas
Кендал Џенер во Givenchy
Карли Клос во Carolina Herrera
Хејли Бибер во Yves Saint Laurent
Хејли Стејнфилд во Iris Van Herpen
Тејлор Хил во Versace
Лупита Нионго во Versace
Ким Кардашијан во Balenciaga
Рита Ора во Prada
Медисон Бир во One/Of
Иман во Harris Reed
Никола Пелц во Valentino
Каја Гербер во Oscar de la Renta
Сиена Милер во Gucci
Сиара во Dundas
Имам Хамам
Александриа Окасио-Кортез со порака „Tax the Rich“
Лили Рејнхарт во Christian Siriano
Кики Палмер во Sergio Hudson
Би Шафер
Ана Винтур во Oscar de la Renta
Тејана Тејлор во Prabal Gurung
Габриел Јунион во Iris Van Herpen
Роуз Лесли во Oscar de la Renta
Мери Џеј Блајџ во Dundas
Донатела Версаче во Versace
Шерон Стоун
Камила Кабејо во Michael Kors
Зои Дојч
Били Ајлиш во Oscar de la Renta
Ријана во Balenciaga
Лорд во Bode
Saweetie
Серена Вилијамс во Gucci
Венус Вилијамс во Prabal Gurung
Синтија Ериво
Џорџина Чапман
Џоан Смолс во Ralph Lauren
Кери Малиган во Valentino
Меган Ти Сталион во Coach
Џилијан Андерсон
Џенифер Хадсон во AZ Factory
Лили Олдриџ во Ralph Lauren
Лили Роуз Деп во Chanel
Крис Џенер во Alexander McQueen
Кејт Хадсон
Мејси Вилијамс во Thom Browne
Барби Фереира во Jonathan Simkhai
Лурдес Леон во Moschino
Грајмс во Iris Van Herpen
Вини Харлоу во Iris Van Herpen
Ники
Оливија Родриго во Yves Saint Laurent
Кара Делевин
Јара Шахиди во Dior
Наоми Осака во Louis Vuitton
Кристен Стјуарт во Chanel
Валентина Сампајо
Зои Кравиц во Yves Saint Laurent
Едисон Реј во Gucci
Наталија Брајант во Coner Ivers
Нормани во Valentino
Ким Петрас во Collina Strada
Џулија Гарнер во Stella McCartney