Новата колекција веначници на Pronovias изобилува со елеганција, гламур и женственост.
Од ателјето на шпанската модна куќа повторно произлегоа креации во кои секоја невеста би посакала да го изговори големото „ДА“.
Рачно изработените фустани од колекцијата 2022 содржат исклучително луксузни ткаенини и илјадници кристали и мониста, а се инспирирани од светот на операта и балетот.