Војвотката Кетрин зрачеше со префинетост на забава во градината на Бакингемската палата.
На традиционалните средби со личности со значајни постигнувања за општеството, 40-годишната сопруга на принцот Вилијам ширеше позитивност и пленеше со стилот.
Коралниот палто-фустан е дело на нејзината омилена дизајнерка Емилија Викстед.
Истата креација очигледно ѝ е фаворит на Кетрин, бидејќи ја има и во зелена и во сина варијанта.
Кетрин беше придружувана од Софи, грофицата од Васекс, принцот Едвард и принцезата Александра.
Кралицата Елизабета годинава соопшти дека нема да може да присуствува на забавата. Во изминатиов период, таа го откажа присуството на повеќе настани поради здравствени проблеми и проблеми со движењето.