Војвотката Кетрин ја имаше честа да ја врачи наградата за британски дизајн именувана по кралицата Елизабета II.
Елегантната припадничка на британското кралско семејство се појави на церемонијата во Кенсингтон во отмен стајлинг. Тиркизниот фустан со едноставна силуета е дело на перспективната дизајнерка Еделајн Ли, а Кетрин го искомбинира со салонки од брендот Еми Лондон.
Пред десетици истакнати лица во светот на модата, таа го прогласи Соул Неш за победник и му го додели трофејот.