Во ова време на масовна продукција во текстилната, а и секоја друга индустрија, тешко е да бидеш конкурентен на пазарот, а сепак да држиш до своите принципи за највисок квалитет, фер однос кон вработените и остро око за детали. Особено во земји како Македонија каде помалите, домашни производители секогаш губат на сметка на конгломератите.
Но, една компанија која стоички го издржа тестот на времето е Бела - македонската компанија производител на првокласна модна облека со префинет дизајн и класичен крој која го одразува стилот на модерната и деловна жена.
Приказната за Бела започнува во 1991 година, кога Бела била омилена скопска кројачница, а продолжува денес, после 28 години како истакнат домашен бренд за женска гардероба, кој интуитивно ги следи потребите и животниот стил на современата жена.
Како што се менува дефиницијата за современа жена, така се менуваат и нејзиниот стил, вредности и гледишта на животот. Бела настојува секогаш да биде во чекор со времето, па погледнете го овој несекојдневен едиторијал за последната - свечена колекција под насловот „Портрет на жената во 21ви век“.
Комерцијален текст