Војвотката Кетрин организираше состанок со владини министри на тема важноста на раниот детски развој и поврзаноста со менталното здравје.
Во фокусот на дискусијата беа претстојно истражување предводено од Центарот за детски развој, како и новите наоди кои покажуваат дека 91% од луѓето се согласуваат дека раните години се многу важни за обликувањето на животот на детето.
На средбата во Лондон, 40-годишната сопруга на принцот Вилијам се појави во деловен стајлинг, кој вклучуваше розов костум од Александар Меквин.
Модниот избор таа го надополни со бела маица, розови салонки и нежен накит.