Војвотката Кетрин го посети училиштето „Nower Hill“ во Лондон и присуствуваше на предавање за влијанието на првите пет години кај децата врз целиот нивни живот.
„Беше одлично. Навистина интересно. Ова ми е вистинска страст. Да учам за мозокот на бебињата, за тоа како мозокот ни се развива нам возрасните и како детството влијае врз целиот живот на човекот“ – рекла Кетрин.
За оваа пригода, таа избра деловен стајлинг, кој вклучуваше класични црни панталони и ролка и палто во фуксија нијанса.