Понекогаш креативноста е сè што ти е потребно за да се истакнеш од толпата.
Девојка од краток фустан создаде уникатна гламурозна креација во која блесна на матурската прослава.
Имено, Назмајде Кастиљо реши да си заштеди мало богатство и за свечената забава нарача фустан од само 50 долари, кој нејзиниот партнер го пронашол на интернет. За да го претвори во креација по комплетно нејзин вкус, Кастиљо го продолжи до глуждовите и го украси со цветови во кралска сина боја.
Потребни биле два дена за тинејџерката да го заврши фустанот со мала помош на тетка си.
Дури и од бутикот од каде бил набавен фустанот го пофалија парот за креативноста.
LOVE how creative this couple was for prom a href="https://t.co/JRUKgZIVqA">pic.twitter.com/JRUKgZIVqA
— FashionNova (@FashionNova) May 5, 2018