Принцезата Мери важи за една од најдобро облечените припаднички на европските кралски семејства.
49-годишната данска принцеза привлекуваше внимание во креација во циклама нијанса од брендот No.21 и салонки од Прада на доделувањето на наградите EliteForsk во Копенхаген.
Мери е позната како приземна личност која со страст ги поддржува добротворните активности во нејзината земја, особено оние кои се однесуваат на жените и децата. Таа е мајка на четири деца и сопруга на принцот Фредерик, кој треба да го наследи тронот од неговата мајка.