Емануел и Брижит Макрон се во официјална посета на Данска. 40-годишниот претседател и 65-годишната прва дама на Франција беа свечено пречекани од принцот Фредерик и принцезата Мери во Копенхаген.
Брижит и Мери беа стилски координирани за својата средба. Двете дами изгледаа елегантно во црвени креации.
Својот стајлинг Брижит повторно ѝ го довери на модната куќа Луј Витон, додека елегантниот фустан на данската принцеза е дело на Ракел Диниз.
Емануел и Брижит ја посетија и кралицата Маргарета II во замокот Амалиенборг.