Кармен Химено секојдневно докажува дека годините се само обична бројка и дека стилот не познава возрасна граница.
58-годишната шпанска модна блогерка предлага комбинации за дами кои не се плашат да се издвојат од толпата. На Instagram неа ја следат речиси 280 илјади лица. На сите свои објави, Химено го поставува хаштагот #over50fashion, сакајќи да ги поттикне повозрасните жени да го следат нејзиниот пример.
Кармен ја обожава облеката во поведри нијанси кои најчесто ги комбинира со неутрални бои.