Каде и да се појави, Хелен Мирен изгледа елегантно и софистицирано.
75-годишната актерка покажа дека може да се чекори со стил и во осмата деценија од животот на галата во Монако, организирана од принцот Алберт и принцезата Шарлин.
На настанот, на кој беше придружувана од сопругот Тејлор Хекфорд, Мирен носеше зелена креација од Долче и Габана и маска во истата боја.
Хелен и Тејлор се во брак од 1997 година.
Хелен беше фотографирана со дел од гостите пред хеликоптер непосредно пред настанот.