Веќе подолго време бохо стилот е доминантен тренд, а токму од него блогерката Џејми Кид црпи инспирација при градењето на својот имиџ.
Шармантната девојка со прекрасна коса стои зад блогот „The Blogging Jay“, каде ги споделува своите стилски авантури низ светот.
„Би го опишала мојот стил како Западен Бохо стил. Сакам да се предизвикувам себеси со соработки со брендови кои не се во склоп на мојот стил и да се обидам да ги внесам во мојот личен стил“ – вели Џејми.
Како модна икона на која огледува, Кид ја издвојува дизајнерката Витни Порт, поради нејзиниот беспрекорен стил и способност да комбинира различни стилови и да направи сите тие да изгледаат одлично.
Неизбежен елемент во секој стајлинг на Џејми е впечатливиот накит.