„Колекцијата е за силни жени, силни карактери, малку рокенрол“ – појаснил Ели Сааб зад сцената на неговата нова ревија.
По двегодишна пауза поттикната од корона-кризата и страотната експлозија во неговиот роден град Бејрут, либанскиот дизајнер им се врати на ревиите во Париз со колекцијата есен/зима 2022.
Силни бои на скапоцени камења како смарагд, аметист и опал, отмени вечерни фустани, волуменозни бомбер јакни, игриви пердуви, бунтовни гранџ елементи… Сааб цели да задоволи најразлични женски модни вкусови.