Зухаир Мурад ја прескокна Париската недела на модата на која вообичаено ги претставува своите колекции и новите креации ги презентира преку фотосесија.
Либанскиот дизајнер се инспирираше од неговите патувања низ светот за да создаде елегантни креации кои би го завеле секој женски поглед.
Дел од колекцијата плени со бохо шарм изразен преку релаксирани силуети, динамични везови, реси и комплексни низи од мониста, а дел е еден вид омаж на диско ерата со блескави фустани со плисе и ефектни отсечоци или панели.
Погледнете ја колекцијата за сезоната есен/зима 2022.