Војводата и Војвотката од Кембриџ ја привршуваат турнејата со „кралскиот воз“.
Целта на тридневното патување низ Велика Британија беше парот лично да им се заблагодари на волонтери и работници за нивниот придонес во справувањето со последиците од пандемијата.
На последниот ден од турнејата, Кетрин изгледаше шармантно во црвена комбинација со палто од Александар МекКвин и ускладени, карирани здолниште и шал.
38-годишната припадничка на британското кралско семејство пленеше покрај принцот Вилијам во уште три зимски стајлинзи.