Кралицата Елизабета II стана првата британска кралица која е на тронот цели 70 години.
За да се прослави почетокот на нејзината платинеста јубилејна година, низ Лондон веќе неколку денови се организираат специјални настани.
Пред Бакингемската палата, штотуку се одржа церемонијата „Trooping the Colour“, на која присуствуваше целото кралско семејство.
Војвотката Кетрин и принцот Вилијам со трите дечиња од балконот на палатата го проследија спектаклот на Кралските воздушни сили.
40-годишната војвотка од Кембриџ измами воздишки во софистициран стајлинг со палто-фустан од Александар Меквин, впечатлив шешир и обетки од принцезата Дијана. Таа пристигна во кочија заедно со трите деца и војвотката Камила.
Принцот Вилијам пристигна со кралската гарда.