Војвотката Кетрин посети служба во Лондон која 24/7 им стои на располагање на лицата кои се соочуваат со ментални проблеми.
Елегантната претставничка на британското кралско семејство, која пред неколку дена зачекори во петтата деценија од животот, избра зелена креација со леопардски принт од Дерек Лам која чини 480 долари и обетки од ASOS.
Кетрин се сретна со вработените, волонтерите и донаторите кои помагаат во одржување на службата „Shout“ лансирана во 2019 година со грант од Кралската фондација.
Посетата на Војвотката беше по повод достигнувањето на еден милион разговори со лица на кои им била потребна помош.
„Shout“ е служба за поддршка преку пораки, која нуди бесплатна и доверлива помош на секој кој се соочува со проблеми како депресија, анксиозност, самоубиствени мисли или стрес.