Војвотката Кетрин и принцот Вилијам ги проследија финалињата во машка и во женска конкуренција на Вимблдон.
Парот од кралската ложа навиваше на тениските натпревари кои го освоија светското внимание.
Откако беше во кратка изолација по контакт со заразен со КОВИД-19, Кетрин се врати на трибините на соочувањето на Ешли Барти и Каролина Плишкова. 39-годишната припадничка на кралското семејство им ги додели трофеите на влијателните тенисерки.
Модната комбинација на Кетрин вклучуваше смарагдно-зелен фустан од британската дизајнерка Емилија Викстед и бели салонки од Џими Чу.
За последниот ден, кога Новак Ѓоковиќ го победи Матео Беретини, Кетрин беше облечена во романтична розова креација од брендот Beulah London и бежови обувки од Aldo.