Војвотката Кетрин и принцот Вилијам присуствуваа на црковна служба во Вестминстерската опатија.
40-годишната припадничка на британското кралско семејство блескаше во палто од Александар Меквин, кое го има носено четири пати претходно.
Својот стилски избор, Кејт го надополни со впечатлив моден додаток за глава.
Истото палто Кетрин го носеше на крштевката на ќерката Шарлот, на прославата за 90-тиот роденден на кралицата Елизабета, на свадбата на Меган Маркл и принцот Хари и за церемонија во Ипрес во 2017 година.