Војвотката Кетрин и принцот Вилијам присуствуваа на настан во најголемата железничка станица во Лондон, Ватерло, каде беше отскриен нов национален споменик за Денот на Виндруш.
За оваа пригода, 40-годишната претставничка на британското кралско семејство избра комплетно бел стајлинг. Таа носеше костум од Александар Меквин и чантичка од Mulberry.
Кетрин со ентузијазам зеде камера за да научи да снима. Досега многупати е истакнато дека таа негува љубов кон фотографијата.
Овој ден се празнува во чест на генерацијата имигранти од Карибите, кои се преселиле во Обединетото Кралство по Втората светска војна на покана на британската влада, со цел да се надомести недостигот на работна сила предизвикан од војната.