Плажа, прекрасен костим за капење, модерни очила за сонце, забавно друштво... она што ви недостига е лесна облека за моментите кога сакате да го посетите блиското кафуле, да се прошетате наоколу или да сокриете некој недостаток по телото.
Популарното парео е совршен моден избор за на плажа. Шарена долга марама со интересен принт може да се претвори во неколку различни фустани само со помош на неколку брзи врзувања.
Погледнете го видеото и ќе научите како за помалку од една минута да создавате фустани од марама и алка за на рака. Сигурно ќе добиете желба некој од моделите да го пробате на вашиот претстоен летен одмор. Најдоброто е што ќе ви се ослободи многу место во куферот, а само со неколку различни марами ќе можете да имате различен изглед секој ден.