„Mirages et Oasis“ е најновото модно волшепство од ателјето на Зухаир Мурад.
За колекцијата висока мода есен/зима 2019, либанскиот дизајнер пронајде инспирација во културното богатство на Северна Африка и стилскиот израз типичен за 70-тите години.
Дезени кои потсетуваат на колоритните морокански теписи, екстраваганција која се асоцира со Маракеш, бохо шарм карактеристичен за слободоумните 70-ти... Прошетајте со поглед низ најновите стилски дела на Мурад.