Сè пораспространет е ставот дека во денешната урбана мода нема модни правила. Сепак, секоја сезона си наметнува тенденции и актуелни нијанси кои се катализатор на новитети во плакарите.
Дамите кои посакуваат да ги обојат своите аутфити во есенски ноти, сезонава имаат огромен избор, бидејќи популарните брендови ги инкорпорираа волшебните бои на разнобојната есен во најновите колекции.
Па, која палета на бои треба да ви е доминантна при креирањето на стилски приказни?
Кафеавото е ново црно. Веројатно брендовите се раководеле од таа максима при создавањето на најновите колекции, бидејќи чоколадните нијанси наеднаш направија моќен поход.
Опсесијата со неутрални нијанси продолжува, затоа што е многу практична. Имено, мошне лесно е комбинирањето на парчињата во стишени, земјени бои, а исто така, инвестирањето во нив е исплатливо од аспект на тоа што никогаш не излегуваат од мода и се еден вид „стилски класици“.
Манијата со зелено е во екот. Невозможно е да погрешите со нијансата – во игра е сè што припаѓа на дијапазонот од бебешко зелено до темно војничко зелено.
Есента не може да помине без стилски танц со бордо и „изгорено“ портокалово. Со овие нијанси ќе внесете топлина и во најладните денови.
А што велите за облека и аксесоари кои комбинираат повеќе есенски нијанси?
Многу повеќе есенски модни парчиња ќе пронајдете на онлајн продавницата на FashionGroup.