Скратувањето на косата е популарна стилска трансформација и слободно може да се каже дека фризурата „боб“ и нејзините варијации ја одбележаа 2014 година.
Армија од холивудски дами во изминативе месеци експериментираше со фризурата која подразбира должина на косата горе-долу во линија на брадичката. Осовременувањето на боб фризурата поттикна актуализирање на неколку нејзини варијации, како lob (long bob – должина речиси до рамена) и wob (wavy bob – брановиден изглед на косата). Со шишки или без, со осветлени прамени или еднобојна, виткана или права, слоевита или рамна, со екстремен патец настрана или со патец во средината... апсолутно не е важно.
А најдобрата вест е што ништо не сигнализира дека на оваа фризура ѝ се заканува исчезнување од листата на актуелни трендови.
Тејлор Свифт

Џенифер Лоренс

Шарлиз Терон

Рис Витерспун

Ема Стоун

Бијонсе

Лорен Конрад

Бритни Спирс

Никол Ричи

Хали Бери и Сиена Милер

Тони Гарн и Фрида Пинто

Кејли Куоко и Ванеса Хаџенс

Кети Пери и Џенифер Анистон

Хилари Даф и Џулиен Хаф

Кајли Џенер и Деми Ловато

Кејт Мара и Ема Робертс

Лили Колинс и Сара Мишел Гелар
