Блејк Лајвли со впечатлив стајлинг привлекуваше погледи во Њујорк. Атрактивната актерка, која е мајка на три девојчиња, изгледаше шик во портокалов костум.
Креациите во воочлива нијанса, кои асоцираат на естетиката типична за 70-тите, се дело на Серџио Хадсон. Нејзиниот моден избор вклучуваше и чантичка од Луј Витон и обувки од Кристијан Лобутин.
34-годишната ѕвезда од „Gossip Girl“ следната недела ќе ја видиме на црвениот тепих на Мет галата, за која годинава ќе влезе меѓу домаќините заедно со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, актерката Реџина Кинг и актерот Лин Мануел-Миранда.