Бела Хадид хипнотизираше на црвениот тепих на Канскиот фестивал со софистициран дамски стајлинг.
25-годишниот модел се појави на фестивалското прикажување на филмот „The Innocent (L’Innocent)“ во винтиџ креација.
Црниот фустан со пеплум бил дизајниран од Џани Версаче за операта „Salome“ во миланската „Ла Скала“ во 1987 година.
Авангардниот изглед на Бела беше комплетиран со накит од Шопард.