Почетна » Новости » Мода » People: Најдобро облечените ѕвезди за 2013

People: Најдобро облечените ѕвезди за 2013

Списанието „People“ константно го става под лупа стилот на славните дами и секоја година составува листа на „најдобро облечени жени“.

Кери Вашингтон е ѕвездата со најпривлечен стил за оваа година, тврдат уредниците на списанието. 36-годишната актерка плени со дамскиот стил на облекување и редовно мами воздишки со модниот избор за холивудските настани.

Кери ВашингтонКери Вашингтон

Покрај Вашингтон, погледнете кои други дами влегоа во „топ 10“:

Кери ВашингтонЏенифер ЛоренсНикол РичиЗое СалданаЕма СтоунЛили КолинсКејт БосвортЏесика ЧастејнСоланж НоулсЏена Деван-Тејтум

Кери Вашингтон

The World’s Best Dressed Woman

Џенифер Лоренс

The (High) Fashionista

Лоренс заработи бројни комплименти за изборот на креации од високата мода.

Никол Ричи

The Trendsetter

Ричи е пофалена за еклектичкиот и експериментаторски стил.

Зое Салдана

The Jean Queen

Салдана си обезбеди место на листата со нејзината способност да прави шик комбинации со џинс модни парчиња.

Ема Стоун

The Classic Cool Girl

Стоун привлекува со класичен стил кој сепак не ги занемарува најактуелните трендови.

Лили Колинс

The Up-And-Comer

Колинс се најде на листата затоа што не се плаши да се дотера за да импресионира, понекогаш покажувајќи малку кожа и поради тоа што ја очекува светла иднина.

Кејт Босворт

The Street Style Maven

Босворт привлекува погледи со својот едноставен, но шик стил на облекување, кој често вклучува модни парчиња кои можат да си ги дозволат многу жени.

Џесика Частејн

The Red Carpet Pro

Џесика влезе во „топ 10“ поради елегантниот стил на црвениот тепих.

Соланж Ноулс

The Daredevil

Сестрата на Бијонсе доби комплименти за храбрите модни комбинации и самодовербата со која ја носи секоја од нив.

Џена Деван-Тејтум

The Hot Momma

Џена шармираше со својот стил во текот на бременоста, комбинирајќи трудничка и „нетрудничка“ облека.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19710 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.