Крисел Лим е избрана за Блогерка на годината од агрегаторот Bloglovin’.
Модерниот стил ѝ помогна на познатата креаторка на „The Chriselle Factor“ да се издигне над толпата блогерки која секојдневно расте.
Лим има и свој канал на YouTube, каде споделува со своите обожаватели совети за разубавување и за комбинирање на облека. Својот стил таа го опишува како чист, класичен, едноставен и елегантен и додава дека не преферира да се придржува кон трендовите.
Пред да го основа блогот во 2011 година, таа била уредничка на списанието „Genlux“. Денес, 30-годишната мајка на едно девојче, има 7 вработени кои придонесуваат нејзиниот блог да функционира перфектно.
„Слушнав различни приказни од различни мајки за влегувањето во мајчинството. Имав замисла дека ќе биде страшно и дека ќе го изгубам мојот живот. Дека нема да можам да се вратам назад. Откако ја добив Клои, не се вратив веднаш на работа, но сè уште го имам мојот живот. Не го изгубив тој дел од мене, тој само стана подобар. Мојот живот се подобри оттогаш“ – вели Крисел за мајчинството.