Почетна » Новости » Мода » Back To Work: Модни предлози кои ќе ви станат константа во деловните стајлинзи

Back To Work: Модни предлози кои ќе ви станат константа во деловните стајлинзи

Летните одмори се во финална фаза и започнува враќањето на работните места. За многумина, периодов значи и враќање во канцеларии по неколкумесечна работа од дома поради корона-кризата. Тоа резултира со обновување на утринските дилеми за склопување на деловни комбинации кои со молскавична брзина ја зголемуваат самодовербата.

Со цел да не трошите скапоцено време наутро, неопходно е да ја преразгледате облеката во вашиот плакар и да ја надополните со нови парчиња кои одлично ќе се вклопат во деловни стајлинзи со непостоечки ризик од модна утка.

Познатите брендови предлагаат парчиња кои ќе станат темели на експресни комбинации, благодарение на кои ќе можете за минутки да летнете низ вратата.

Минималистички фустан со класичен крој

Бескрајни се начините на кои можете да го надополните едноставниот црн или сив фустан. Весели марами, различни сакоа, па и елегантни џемпери. Секојпат кога ќе го носите, ќе изгледате како тукушто да сте се подновиле.

FashionGroupФустан Mango FashionGroupФустан Mango

Структурирана чанта

Инвестирајте во чанта која ќе зрачи со бизнис аура. Препорачливо е да биде во неутрална нијанса која непроблематично ќе си одговара со секоја комбинација.

FashionGroupЧанта CK FashionGroupЧанта Parfois

Костум во „стишена“ нијанса

Колку и да се атрактивни костумите во живи бои, имаат една негативна страна – толку се впечатливи што не можете да ги носите често без да изгледате „репетитивно“. Затоа, препорачливо е да имате костум во помирна нијанса кој ќе можете да го трансформирате со различни додатоци. Позитивна страна кај костимите е што панталоните и сакото можете да ги носите и одделно во други модни спојки.

FashionGroupСако Mango FashionGroupСако Mango

Бела кошула

Убавината на белата кошула е што е како празно уметничко платно – може да прерасне во неброени модни дела.

FashionGroupКошула Mango FashionGroupКошула Mango

Чевли со мала штикла

Елегантните обувки со мала штикла станаа популарни пред неколку сезони, а оттогаш не излегоа од женските плакари. Ем оддаваат отменост, ем не се толку жестоки за стапалата.

FashionGroupЧевли Geox FashionGroupЧевли Geox

И запомнете, секогаш почитувајте го деловниот дрес-код, но дозволувајте му и на вашиот личен стил да блесне.

Многу повеќе стилски предлози ќе пронајдете на онлајн продавницата на Fashion Group.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20833 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.