Почетна » Новости » Истражувања » Уморoт го убива сексуалниот живот

Уморoт го убива сексуалниот живот

Обидувајќи се да го одржат својот друштвен и професионален живот и грижејќи се за домот, многу парови го запоставуваат сексуалниот живот.

Седум од десет парови се преуморни за да имаат секс, се вели во ново британско истражување.

Две третини од учесниците во истражувањето признале дека имаат време и енергија за секс само за викендите, кога не се принудени да стануваат рано наредното утро.

Пар што спиеДве третини од луѓето имаат време и енергија за секс само за викендите

Истражувањето во кое учествувале 3000 мажи и жени открило и дека недоволниот сон е најчестата причина поради која луѓето немаат енергија за секс. Втора причина е продолженото работно време, а третата е тоа што едниот партнер легнува в кревет многу доцна навечер.

Резултатите од истражувањето покажале и дека во половина од случаите партнерите имале кавга поради недостигот на секс во нивната врска, а 17% се разделиле токму поради тоа.

Но, уморот не го убива само сексуалниот живот, туку за многу луѓе претставува пречка и во другите области од животот.

Скоро 40% од учесниците изјавиле дека поради умореност заборавиле нешто, а 38% откажале вечерно излегување само затоа што немале енергија.

Истражувањето открило и дека просечниот човек се чувствува физички или психички исцрпен 3 дена во неделата.

За да си ја зголемат енергијата, најголем дел од луѓето (40%) пијат кафе или чај, 29% поспиваат, повеќе од 25% вежбаат, а 21% јадат чоколадо.

Топ 5 причини поради кои луѓето се преуморни за секс

  1. „Недоволно квалитетен сон“
  2. „Долго работно време“
  3. „Партнерот доаѓа доцна в кревет“
  4. „Децата нè будат прерано/нè држат будни до доцна во ноќта“
  5. „Активен друштвен живот“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.