Почетна » Новости » Истражувања » Спиењето помага за најдобро решавање на проблемите

Спиењето помага за најдобро решавање на проблемите

Изреката „утрото е поумно од вечерта“ е сосема точна, тврдат научниците. Тие сметаат дека ако треба да донесете некоја голема одлука, тогаш најдобро е прво да отспиете, односно некое време да не мислите на проблемот.

Експериментите покажале дека ако си го одвлечете вниманието со нешто друго или ако го одложите решавањето на проблемот за наредниот ден, ќе му помогнете на вашиот ум да го пронајде идеалното решение.

Жена што спиеИзреката „утрото е поумно од вечерта“ е сосема точна

Холандски истражувачи побарале од студенти да одлучат кој е најдобар модел меѓу 4 различни имагинарни автомобили. Секој од автомобилите имал различни карактеристики. Студентите од првата група требало веднаш да го направат својот избор (откако прочитале информации за секој автомобил). Втората група студенти пред да донесат одлука биле принудени да направат друг тест кој им го одвлекол вниманието 5 минути.

Резултатите покажале дека студентите од втората група почесто го избирале најдобриот автомобил.

Истражувачите веруваат дека тоа е така затоа што на потсвеста на студентите од втората група ѝ било дадено време да ги премери предностите и недостатоците на различните модели автомобили. Па така, студентите кои направиле најдобар избор биле оние на кои им било одвлечено вниманието и не биле во можност свесно да мислат.

„Потсвесните мисли водат до подобри решенија, отколку ако луѓето одлучуваат веднаш. Иако во нашите сегашни експерименти учесниците всушност не преспаа пред да донесат одлука, јасно е дека одморот носи голема предност“ – изјавил психологот Мартен Бос, којшто го предводел истражувањето.

Луѓето кои свесно се обидуваат да најдат решение на голем проблем, најчесто ќе донесат погрешно решение. Затоа, одвлечете си ги мислите барем 5 минути и не мислете на проблемот за да го пронајдете идеалното решение.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20837 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.