Почетна » Новости » Истражувања » Секојдневна прошетка за превенција од 24 болести

Секојдневна прошетка за превенција од 24 болести

Најдобриот начин да останете здрави е да стоите понастрана од цигарите, да бидете во форма и редовно да практикувате физичка активност. Тоа е заклучокот на големо истражување во рамките на коешто биле проучувани податоци од вкупно 40 помали истражувања спроведени во изминатите 4 години.

Научниците откриле дека секојдневната прошетка е особено важна и дека може да делува како превенција од 24 болести, меѓу кои рак и деменција.

Прошетка во паркПешачете по 30 минути секој ден за да си го подобрите здравјето

Редовните прошетки придонесуваат за намалување на ризикот од појава на остеопороза, дијабетес тип 2, депресија, дебелина и висок крвен притисок. Освен тоа, секојдневното раздвижување го намалува и ризикот од срцеви болести и срцев удар.

За целите на истражувањето било определено дека редовна физичка активност се смета активност во времетраење од 150 минути неделно, т.е. 30 минути пешачење или возење велосипед 5 дена во текот на неделата.

Позитивниот ефект на дневната прошетка бил забележан и кај мажите и кај жените, но бил уште поголем кај непушачите, оние кои се хранат здраво и кои немаат проблем со дебелината.

„Од истражувањето станува јасно дека мажите и жените од сите возрасти треба да се поттикнуваат да бидат физички поактивни за доброто на нивното здравје“ – изјавил физиотерапевтот Лесли Алфорд.

Искористете ги последните топли денови оваа година за да се размрдате и да го подобрите вашето здравје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20836 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.